Поврзете се со нас

Италија

Непознато лице на Шпанецот: Комо објави како Фабрегас беснее во соблекувалната (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Сеск Фабрегас ја стартуваше својата кариера далеку од очите на повлијателната европска јавност, бидејќи поранешниот играч за врска работи во италијаскиот второлигаш Комо.

Иако има статус на помошник тренер во овој момент, Фабре во еден дел од сезоната на неколку меча беше и шеф на стручниот штаб, а фановите сега за првпат го запознаа и неговото бесно лице во соблекувалната.

Комо преку социјалните мрежи проследи видео на кое се гледа како Шпанецот им дели лекција на првотимците на Комо, па со начинот на кој искажува нервоза, Фабре дефинитивно изненади голем дел од фудбалските фанови.

– Цел меч само зборувате…… Играјте!!! Покажете мадиња и играјте на теренот!!!

– Не само да зборувате….. Зошто ти она, зошто јас ова……. Ако направите грешка, во ред, продолжете понатаму. Продолжувате со е.еното зборување и не играте на теренот, – им порачал Фабрегас на своите фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни