Поврзете се со нас

Франција

Непосакуван рекорд во Франција: Поранешна надеж на Барселона заработи црвен картон после девет секунди! (Видео)

Објавено

на

Жан Клер Тодибо своевремено беше голема надеж на Барселона и пристигна на „Камп Ноу“ како вистински талент од Франција, но сега во родната земја се претвори во топ тема поради еден парадокасален рекорд.

Младиот стопер кој го раскина договорот со Барселона сега игра во редовите на Ница, но натпреварот против Анжер го започна на набизарен можен начин.

Тодибо ќе остане запишен во историјата на Лига 1 како играчот кој го заработи најбрзиот црвен картон во историјата, бидејќи направи прекршок за исклучување после само девет секунди.

Првата акција која почна од центарот заврши после неколку секунди, а судијата немаше дилеми и експресно му покажа црвен картон на Тодибо, одлуката која беше потврдена и од луѓето во ВАР собата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни