Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Неочекуван „чувар“ при корнер: Роналдо за малку ќе останеше без заб поради Мегваер (Видео)

Објавено

на

Рио Фердинанд во последното обраќање на својот јутјуб канал нагласи дека Хари Мегваер се наоѓа во период во кој секој негов потег на теренот се смета за погрешен, а најдобра дефиниција за тоа добивме синоќа во болната ноќ за фановите на Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ претрпеа минимален пораз од Атлетико Мадрид кој посебно боли поради начинот на кој играа гостите од шпанската престолнина, но иако не беше главен виновник за примениот гол, Хари Мегваер одново се најде во центарот на вниманието поради една несекојдневна ситуација во вториот дел.

Капитенот на Јунајтед се наоѓа во фаза од кариерата кога секој негов потег се гледа „под лупа“, но за волја на вистината, овојпат и не беше потребно такво нешто и поради фацијалните експресии на Роналдо.

Кристијано за малку ќе останеше без заб при еден корнер во второто полувреме, кога Мегваер се претвори во негов неочекуван „чувар“ во шеснаесетникот.

Обидот за блок мина катастрофално лошо, па соиграчите се удвоија и Роналдо доби удар со глава во забите од својот соиграч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни