Поврзете се со нас

Италија

Нема повеќе неизвесност, Брозовиќ има нов клуб

Објавено

на

Хрватскиот репрезентативец, Марсело Брозовиќ донел конечен одлука за неговата иднина.

Членот на Интер беше пред важен избор во кариерата, дали да остане во Европа или за прв пат да го напушти статиот континент и се пресели на Блискиот Исток, поточно во Саудиска Арабија. Барселона беше тимот кој сакаше да го види во своите редови и тоа како наследник на Серхио Бускетс, меѓутоа иако Хрватот одолговлекуваше со конечното решение на крајот пресечи и во иднина ќе му биде соиграч на Кристијано Роналдо во Ал Наср.

Последните вести кои доаѓаа директно од човекот кој секогаш има точни и провени трансфер информации, Фабрицио Романо велат дека Ал Наср ќе ги исполни сите услови на Брозовиќ кој за три години ќе добие севкупно 100 милиони евра.

Интер пак за трансферот ќе инкасира 23 милиони евра кои ќе ги инвестира во Давиде Фратези од Сасуоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни