Поврзете се со нас

Франција

Нејмар распали по хаосот во Париз: Единствено жалам што не го удрив во лицето! (Видео)

Објавено

на

Големото француско дерби меѓу ПСЖ и Марсеј остави лош пример за секој фудбалски фан, бидејќи главниот судија Брисар во 97-та минута мораше да подели дури пет црвени картони.

Тоа што требаше да претставува празник за фудбалот во Франција, на крајот се претвори во невиден циркус и ужасен хаос на теренот, откако играчите на двата тима влегоа во општа тепачка. Главниот арбитар најпрво казни четворица играчи, по двајца од двата тима (Курзава и Паредес од ПСЖ и Бенедето и Амави од Марсеј), но во продолжение беше повика од луѓето од ВАР и на мониторот гледаше уште еден момент.

На повторената снимка се виде како Нејмар доста лукаво го удира Алваро, играчот кој претходно во текот на мечот се пожали дека бил плукнат од страна на Анхел Ди Марија. Бразилецот уште во првото полувреме влезе во клинч со дефанзивецот на Марсеј, а пред самиот финиш на мечот, беше и исклучен поради него.

На Нејмар сега му се заканува поголема казна поради непрофесионалниот потег, но тој по средбата нагласи дека единствено жали што не го удрил Алваро во лицето, онаму каде што заслужува. Во својата објава на Твитер, Нејмар обвинува дека бил наречен „мајмун“ од страна на противничкиот фудбалер.

– Единствено жалам што не го удрив во лицето тој идиот, – порача Нејмар.

– ВАР ја улови мојата агресија, тоа е лесно, сега сакам да го видат видеото на кое расистот ме нарекува е..н мајмун, – додаде Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни