Поврзете се со нас

Италија

Недвед објасни зошто Јувентус го одбра Милик пред Депај: Го избравме…

Објавено

на

Јувентус се најде во групата Х на денешната ждрепка во Лигата на шампионите, а тоа значи дека за пласман во нокаут рундата ќе се бори со Пари Сен Жермен, Бенфика и Макаби Хаифа.

Ова е група во која „старата дама“ би требало да се бори за првото место и најдобар доказ за тоа е задоволството од добиените противници.

-Секој тим е тежок на ова ниво и ние сме среќни што ќе играме во Лигата на шампионите со овие противници, -порача потпретседателот Павел Недвед кој потоа објасни зошто клубот го избрал Аркадиуш Милик пред Мемфис Депај како засилување во напаѓачката линија.

-Направивме список со потенцијални напаѓачи и Депај беше на тој список, но ние го избравме Милик затоа што ги има вистинските карактеристики да ја комплетира нашата напаѓачка сила. Очекуваме голови од него и веруваме дека тоа е она што треба да го донесат напаѓачите, -истакна Недвед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни