Поврзете се со нас

Свет

Не можеше да поверува што му се случи на неговиот тим: Селекторот на Мали го „ладеа“ со вода по елиминацијата од Купот на африканските нации (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Мали го заврши настапот на Купот на африканските нации и тоа во четвртфиналето каде беше елиминирана од домаќинот Брегот на Слоновата Коска.

Мали ги имаше сите предуслови за да слави на овој дуел на кој во 16 минута не реализираше удар од 11 метри, потоа „слоновите“ останаа со играч помалку во финишот на првиот дел за да во второто полувреме оваа предност биде искористена во 71 минута од страна на Нене.

Ама домаќините не се предаваа и во 90 минута дадоа гол со кој се изборија за продолженија. Токму во тоа второто или поточно во 122 минута БСК успеа да погоди преку Диаките и со тоа избори пласман во полифиналето на турнирот.

Овој епилог, сите случувања тешко му паднаа на селекторот на Мали, Ерик Шел кој едноставно не можеше да поверува што му се случи да неговиот тим, па беше полеван со вода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни