Поврзете се со нас

НБА

НБА лудорија: Морант со пируета од 360 степени им го „свртe паметот“ на противниците (Видео)

Објавено

на

Мемфис оствари победа во домот на „биковите“ и славеше против Чикаго со 1101:116, резултат за кој најзаслужен е сензационалниот Џа Морант.

Младата ѕвезда на „гризлите“ оствари сопствен рекорд и рекорд на франшизата во регуларната сезона, бидејќи во дуелот со Чикаго постигна 46 поени и буквално брилјираше во секој аспект од кошаркарската игра.

Морант беше нерешлива енигма за одбраната на Чикаго, но посебно воодушеви со едно пируета движење од 360 степени со кое им го сврте паметот на противниците, но ги воодушеви и коментаторите.

Кошаркарот на Мемфис го изведе потегот на вечерта во НБА лигата и истиот го зачини со историско достигнување за Мемфис во регуларниот дел од сезоната, бидејќи неговите 46 поени се највисока граница поставена од еден играч на „гризлис“ од постоењето на НБА лигата.

НБА резултати:

Атланта – Торонто 127:100
Чикаго – Мемфис 110:116
Кливленд – Вашингтон 92:86
Мајами – Сан Антонио 133:129
Милвоки – Бруклин 123:126
Денвер – Сакраменто 115:110

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни