Поврзете се со нас

НБА

НБА драфт: Детроит го доби првиот пик Канингем

Објавено

на

НБА драфтот остана во сенка на „бомбата“ која ја изрежираа Лос Анџелес Лејкерс и Вашингтон, бидејќи во вечерта кога се бираа новите млади ѕвезди во најсилната кошаркарска лига во светот, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис добија нов голем сојузник во тимот.

Расел Вестбрук со трансферот во Лејкерс им ја наруши ѕвездената ноќ на децата кои допрва ќе треба да се докажуваат на највисоката сцена, но кога се во прашање деталите од драфтот, истиот мина без големи изненадувања.

Прв пик беше Кејд Канингем од Универзитетот Оклахома Стејт, па така 19-годишниот плејмејкер заврши во редовите на Детроит Пистонс, франшиза која имаше право прво да бира.

Канингем настапува за селекцијата на Америка до 19 години и го освои златниот медал пред две години, па сега останува да видиме како ќе одговори на големите очекувања.

Хјустон Рокетс ја имаа втората позиција на НБА драфтот и го избраа Џејлин Грин, додека трет пик беше Ван Мобли кој заврши во Кливленд. Торонто го избра Скот Барнс, Орландо се одлучи за Џејлин Сагс, додека Оклахома ги осигура услугите на Џош Гиди.

Седми наред беа Голден Стејт и тие го добија Џонатан Каминг, осми одново бираше првиот Детроит кој потоа се одлучи за Франс Вагнер, а меѓу првите 10 бираа и Сакраменто и Њу Орлеанс. Кингси го избраа Девијон Мичел, а Њу Орлеанс се одлучи за Зијар Вилијамс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни