Свет
Насри откри од која премиерлигашка ѕвезда се плашеле играчите на Арсенал: Ги наполнивме гаќите од него….

Самир Насри веќе некое време е пензиониран фудбалер и далеку од очите на јавноста, но затоа знае да се истакна со некоја изјава како онаа последната која ја даде при гостувањето во француски подкаст.
Поранешната француска ѕвезда своите најдобри играчки денови ги имаше во Премиер лигата, меѓутоа мора да се потенцира дека посебно добар беше во првите сезони во Арсенал, од каде памети и една незаборавна ситуација.
Насри открива дека тој и соиграчите од Арсенал останале преплашени од Кристијано Роналдо, па со таквиот пристап му дозволиле на Манчестер Јунајтед лесно да победи на „Емирејтс“ во полуфиналето во Лигата на шампионите во 2009-та година.
– Реваншот во полуфиналето беше неверојатно, првпат го видов „Емирејтс“ со таква луда атмосфера, знамињата беа на сите страни и сите верувавме дека ќе одиграме добар меч.
– Сепак, ние се посравме, се плашевме од Кристијано Роналдо. Ги наполнивме гаќите бидејќи се соочивме со големиот Кристијано Роналдо, – одговорил Насри на прашањето дали во кариерата се уплашил од некој ривал.
На тој меч, Роналдо постигна два гола во победата од 3:1, а Јунајтед со вкупни 4:1 се пласираше во финалето во кое подоцна загуби од Барселона.
-
Англијапред 14 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Светпред 23 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 21 час
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)