Поврзете се со нас

Англија

Насри има клуб за Роналдо: Тоа ќе биде добар напад!

Објавено

на

Кристијано Роналдо и понатаму е во Манчестер Јунајтед, но останува отворено прашањето дали тоа така ќе остане по завршувањето на овој летен преоден рок.

Португалецот вчера ги одигра само завршните минути на дербито против Ливерпул, ситуација која дефинитивно не го радува, ама во моментов мораше да ја прифати. Тој веќе некое време сака да си замине од „Олд Трафорд“ и заигра во клуб кој настапува во Лигата на шампионите, меѓутоа таа потрага тешко оди, опции скоро и да нема и некако се пореално изгледа неговото останување во Манчестер и вклопување во тимот предводен од Ерик Тен Хаг.

Времето ќе даде одговор на овие дилеми, а во меѓувреме некогашниот француски репрезентатвец и екс член на Манчестер Сити и Арсенал, Самир Насри му даде еден предлог на португалскиот репрезентативец.

-Имам решение за него. Може да го раскине договорот, во Марсеј се потрудат, му дадат нешто и доаѓа да игра во Лигата на шампионите. Нападот Кристијано Роналдо-Алексис Санчез изгледа добро, -рече Самир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни