Поврзете се со нас

Италија

Наполи со реакцијата за одлуката за Ачерби: Шокирани сме…

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Франческо Ачерби помина без казна за обвинувањето дека упатил расистички навреди на сметка на Жуан Жезус од редовите на Наполи, па дефанзивецот на Интер ќе ја продолжи сезоната без никакви санкции од дисциплинската комисија.

Жезус се пожали дека Ачерби го навредил на расна основа за време на дербито меѓу Интер и Наполи, но спортскиот суд истакна дека не пронашол докази за ваквите наводи и го ослободи искусниот фудбалер од секаква одговорност.

Очекувано, стигна жестока реакција од таборот на Наполи, каде со соопштение изразија зачуденост од дел од наводите во соопштението и од самата одлука.

– Ачерби не доби казна, па на крајот виновник ќе излезе Жезус затоа што некоректно го обвинил својот колега. Неверојатно е некој да поверува дека тој погрешно го слушнал.

– Шокирани сме бидејќи во пресудата се елиминирани сите докази, а фудбалерот на Интер не е санкциониран иако и самиот призна дека му се заканувал на противникот.

– Шокирани сме и Наполи во иднина нема да биде дел од вештачките иницијативи против расизмот и дискриминацијата, туку ќе спроведува свои кампањи со посебна посветеност, – велат од актуелниот италијански шампион.

Наполи преку социјалните мрежи ја објави и фотографијата која претходно беше споделена од Жезус, а чија порака е во корист на борбата против расизмот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни