Поврзете се со нас

Олимписки игри

Наковска-Бикова го освои одличното шесто место во својот прв настап во Токио

Објавено

на

Искусната Оливера Наковска Бикова е единствен македонски претставник на Параолимписките игри во Токио, а денеска го имаше својот прв настап и истиот беше навистина успешен.

Македонската учесничка влезе во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри и имаше топ 10 пласман, или поточно, го освои шестото место.

Наковска Бикова како осма во квалификациите се пласираше во финалето, а таму го подобри резултатот и со испукани 147, 9 кругови го освои одличното шесто место.

Златниот медал и припадна на Иранката Јавамандри, Пехливанлар од Турција го освои среброто, додека брозната замина кај Давид од Унгарија.

Само за напомена, Параолимписките игри не завршуваат за Наковска Бикова, бидејќи ја чекаат уште настапи во дисциплините пиштол од 25 метри и пиштол слободен избор од 50 метри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни