Поврзете се со нас

АТП

Најпознатата канадска тенисерка: Јас сум најверен фан на Федерер, но мора да признаеме дека Ѓоковиќ е најголемиот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/geniebouchard

Новак Ѓоковиќ одби да го добие епитетот најголем играч на сите времиња по вчерашното финале на Ролан Гарос, турнир на кој успеа да стигне до рекордната 23-та грен слем титула.

Со овој успех, Србинот дополнително ги збогати своите параметри во GOAT трката и ги остави зад себе вечните ривали Рафаел Надал и Рожер Федерер, па иако самиот тој не го прифати епитетот дека е најдобар во историјата, оваа дебата сериозно се разгоре по последниот триумф.

Ѓоковиќ ја покажа својата класа во финалето на „Филип Шатрие“ и не му даде никаква шанса на упорниот Каспер Руд, а овој негов успех почна да ги премислува и најверните фанови на Рожер Федерер.

Секогаш ќе има такви кои ќе сметаат дека легендарниот Швајцарец е најдобар играч на сите времиња, но атрактивната Ежени Бушар не криеше и призна дека сега за неа најголем и Новак.

– Јас сум најголем фан на Рожер, но сите треба да признаеме дека Новак е неприкосновен како најголем на сите времиња. Лудо импресивно, – порача Ежени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни