Поврзете се со нас

Конференциска лига

Најлуд пенал рулет во историјата на Конференциската лига: Голманот одбрани пенал и почна да слави победа, но топката се врати во гол…. (Видео)

Објавено

на

Првото квалификациско коло во Конференциската лига донесе доста израмнети пресметки во двата меча, па поради тоа, пенали не се играа само на дуелот меѓу Хаверфордвест и Шкендија.

За жал, тетовските „црвено-црни“ загубија во пенал рулетот и мораа да се простат од Европа уште во првото коло, но далеку полудо било на пеналите кои се изведувале во Северна Ирска.

Двомечот меѓу Гленторан и Гзира завршил со изведување на удари од 11 метри, а победникот бил решен дури во 14-та серија.

По 28 изведени пенали, како победници излегле гостите од Малта, но сепак во фокусот е она што се случи во 12-та серија од пеналите.

Имено, играчите на Гзира почнаа предвреме да се радуваат на пласманот во второто квалификациско коло по одбраната на нивниот голман, но топката доби необична ротација и на крајот истата заврши во голот.

Актерите на теренот не можеа да поверуваат што се случи и Гленторан остана во игра, но во продолжение сепак загуби откако Бојд не го реализирал 14-от пенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни