Поврзете се со нас

НБА

Најдобра партија во НБА кариерата: Јанис постави личен рекорд за победа на Милвоки (Видео)

Објавено

на

Јанис Адетокумбо го прикажа сиот свој потенцијал во НБА лигата и веќе во своите витрини ги има шампионскиот прстен и титулата за најдобар играч во лигата, но рано утрово ја имаше најдобрата офанзивна претстава во својата досегашна кариера.

МВП играчот во НБА лигата од 2019-та и 2020-та година го водеше својот Милвоки до победа над Вашингтон со личен рекорд, завршувајќи го мечот со 55 поени зад своето име.

Оваа бројка е највисоката која ја достигна Јанис во својата досегашна НБА кариера, а добрата партија ја зачини и со 10 скокови, 7 асистенции и 2 украдени топки.

Неговиот учинок беше доволно добра инспирација за победа на „елените“ против Вашингтон од 123:113, што направи Милвоки да се врати на третата позиција на табелата.

На останатите два меча во НБА лигата, Бостон претрпе шокантен пораз од Оклахома со 150:117, додека Јута на домашен терен беше поразена од Сакраменто со 115:117.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни