Поврзете се со нас

Балкан

Најдобар на теренот: Симиќ блескаше и донесе важна победа за Борац

Објавено

на

foto: druga.aba-liga.com/Dragana Stjepanovic

Македонскиот кошаркарски интернационалец, Теодор Симиќ со одлично издание му донесе победа на неговиот Борац Бања Лука над Леотар Требиње (85:80) во првата лига на Босна и Херцеговина.

Симиќ го одигра најдобриот меч по враќањето на терените, па за 25 минути на паркетот „испука“ 22 поени (7/7 за еден, 3/4 за два, 3/6 за три) со 8 скока и 3 асистенции. Со овој учинок беше играч број еден на натпреварот, односно покажа дека формата му оди во нагорна линија и подготвен за позначајна улога во екипата која денеска настапи без Вест и Шешлија.

Инаку ова за Борац беше 13 славје во 21 меч во шампионатот со што е на третото место на табелата зад Широки Бријег и Босна.

Наредните предизвици за Тео и компанија се дуелите во АБА2 лигата против Пелистер, Домжале и Сутјеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни