Билијард и Снукер
Најава за неизвесна снукер сезона: „Освежувањето“ го потопи шампионот!

Младиот кумановчанец, Берат Јашари, кој неодамна се појави на македонската снукер сцена, направи изненадување со самиот пласман во финалето на Првиот турнир од државното првенство во снукер, откако во групната фаза беше поразен од минатогодишниот шампион на Македонија, Павле Данилов, но во финалето успеа да му се реваншира и да го освои победничкиот трофеј.
По долгата и непосакувана пауза поради глобалната пандемија, снукер натпреварувањето во нашата земја продолжи минатиов викенд со одиграње Првиот турнир од државното првенство, а за 2021 година предвидение се вкупно три.
Ждрепката ги смести Данилов и Јашари во иста квалификациска група, заедно со уште еден „фаворит од сенка“, Горан Ѓурчиновски, по што почетните мечеви одиграни во снукер арената на „Гран Клуб“ изобилуваа со неизвесност. Данилов тргна моќно и го совлада Јашари со 2:0, по што ја продолжи победничката серија и без загубен фрејм стигна до финалето.
Од друга страна, дебитантот Јашари полека ја совлада почетната трема и со победа во тензичното полуфинале против Петар Панов, се избори за реванш со Данилов. Паузата меѓу мечевите покажа дека не била во прилог на бранителот на шампионскиот трофеј, бидејќи Данилов експресно го доби полуфиналето со Влатко Јанев, кој до тој момент беше човекот што внесе неизвесност на турнирот. Така, со апсолутна доминација во играта, Јашари поведе со 2:0. Третиот фрејм најави враќање на Данилов и негово солидно водство, но со „брејк“ вреден 37 поени во низа, Јашари успеа да ги казни грешките на Данилов и да ги искористи шансите кои му се створија.
Согласно досегашната традиција, и овој турнир се следеше во живо на snookeron.com каналот, што беше единствено и значајно задоволство за снукер публиката во Македонија поради ограничувањата за присуство поради ковид мерките.
Следните возбудувања се најавени за 17.09.2021 година, кога Снукер асоцијацијата го предвиде одржувањето на Вториот турнир од државното првенство.
-
Шпанијапред 22 часа
Бензема: Не очекував дека ќе го дочекам ова во Реал
-
Шпанијапред 15 часа
Бензема погоди и во Хелсинки и го надмина Раул на вечната листа (Видео)
-
Италијапред 18 часа
Ди Канио го истакна фаворитот за скудетото и објасни зошто не е воодушевен од Лукаку
-
Шпанијапред 20 часа
Кеси и Кристенсен можат да ја напуштат Барселона следната недела
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти по новиот трофеј за Реал: Зарем некој уште има дилема кој ќе ја освои „Златната топка“
-
Англијапред 16 часа
Овен убеден дека Роналдо ќе остане во Манчестер Јунајтед
-
Македонијапред 24 часа
Црвена Звезда со специјална објава се збогува од великанот Дојчиновски (Видео)
-
Шпанијапред 5 часа
Де Јонг доби сериозна навреда пред тренинг центарот на Барселона (Видео)