Поврзете се со нас

Одбојка

Награда за одличните партии: Капитенот Ѓоргиев уште две години во АЦХ Љубљана

Објавено

на

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев договори продолжување на соработката со АЦХ Волеј Љубљана .

Ѓоргиев одлично се снајде во оваа екипа каде е вистински лидер, пример, капитен и предводник на составот во кој ќе биде најмалку уште две години.

-Многу сум среќен што се договоривме со АЦХ Волеј Љубљана да ја продолжиме нашата соработка. Организацијата во клубот е феноменална. Овде, ние се фокусираме исклучиво на нашата работа на теренот, што е клучно за конечниот успех на тимот. Главната цел со клубот е да освојуваме титули во иднина и да бидеме најдобри.

-Никогаш во кариерата не сум имал подобра екипа, особено прво како луѓе околу мене, а потоа и како играчи. Полесно се договареме, полесно се мотивира тимот да одржува високо ниво на форма во текот на целата сезона, -порача Никола кој вчера беше најдобар поентер против Помград (13 поени), средба која тој и соиграчите ја добија и обезбедиа финале во првенството на Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни