Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман знае кој е број еден: Тој е најдобар играч на светот!

Објавено

на

Составот на Баерн Минхен имаше уште едно блескаво издание и тоа против Бенфика која ја совлада со 5-2 во рамките на четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Баварската машина одново беше во полн сјај, а во центарот на вниманието беше кој друг ако не Роберт Левандовски кој дојде до хет-трик при што мора да се напомене и даде промаши и пенал. Сето ова донесе комплименти на негово адреса, а најмногу го пофали тренерот Јулијан Нагелсман кој го прогласи Полјакот за најдобар играч на светот.

-Нема потреба да се споредува со Меси и Роналдо, Левандовски моментално е најдобриот напаѓач на светот и тоа ќе биде така уште неколку сезони, бидејќи има одлична градба, исклучително однесување и однос на еден спортист.

-Велам Меси и Роналдо затоа што тие се различни играчи од Роберт. Кога гледате телевизија сето тоа изгледа одлично, но повторувам тоа се тројца различни играчи. Голема предност на Левадовски е и неговиот карактер. Тој е најдобриот играч во светот во моментов, -порача тренерот на актуелниот германски шампион.

Роберт во актуелнава сезона е прв стрелец во ЛШ со 8 голови и прв стрелец во Бундеслигата со 12 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни