Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нагелсман за играчот кој му го украде стартното место на Кансело: Се докажа и заслужува да биде во почетните 11

Објавено

на

Јосип Станишиќ беше стартер на последните два натпревари кои ги одигра Баерн Минхен, а тоа што се шпекулираше во јавноста, денеска беше потврдено од Јулијан Нагелсман.

Германскиот шампион го почнува реваншот против ПСЖ со предност од 1:0 и важи за благ фаворит за четвртфиналето во Лигата на шампионите, но тренерот Нагелсман е свесен дека неговиот тим ќе мора да биде многу подобар и посконцентриран во одбрана, бидејќи сега во стартната постава на „светците“ ќе биде Килијан Мбапе.

Токму Станишиќ ќе биде еден од оние кои ќе имаат најголема работа со фантастичната француска ѕвезда, откако Нагелсман одлучи дека Хрватот заслужил да добие предност пред големото зимско засилување, Жоао Кансело.

– Со формата која ја прикажува на теренот и на тренинзите, Станишиќ се избори за место во првите 11. Имаше проблем со мускулот на последниоит меч, но сега е подготвен за игра.

– Многу е снаодлив, добро се брани и ја има потребната брзина. Се докажа и заслужи место во стартниот тим. На овој меч не можеме да сметаме на Павар и Станишиќ е прв избор на десната страна, – изјави Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни