Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман со јавен коментар за играчот кој се поврзува со Манчестер Јунајтед: Има неколку нерешени теми…

Објавено

на

Менаџерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман јавно ги коментираше шпекулациите околу евентуалното заминување на Леон Горецка од клубот.

Фудбалерот од средниот ред наводно барал голема сума на пари за да го продолжи договорот со „баварците“, меѓутоа од германскиот клуб не биле подготвени да му излезат во пресрет, па се најавуваше негов можен трансфер во Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ го пикирале Горецка како замена за Пол Погба кој веројатно ќе си оди од клубот оваа или другата година.

Сепак, како што стојат работите, желбата на Горецка сепак била да остане во Баерн Минхен, а дека преговорите се во напредна фаза потврди и Нагелсман кој посочи дека се надева дека фудбалерот на крај ќе остане на „Алијанц Арена“.

– Не сум многу инволвиран во преговорите, па не можам да ви кажувам што се случува секојдневно. Се дистанцирам од таквите проблематики. Секако дека јас лично зборував со него и му ги кажав моите планови. Му кажав дека ќе бидам среќен ако го продолжи договорот и можам да ви кажам дека сум убеден дека ќе го стори тоа.

– Има уште некои теми кои треба да бидат решени кога станува збор за продолжувањето на соработката со него. Јас ќе продолжам да се фокусирам на спортските работи и ќе докажам дека тој може да биде еден од најопасните фудбалери од средниот ред во Европа. Горецка има потенцијал да биде уште подобар, -изјави Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни