Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите загубија од Чешка на стартот на шампионатот во Скопје

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години претрпе пораз од Чешка од 80-75 во првиот меч на Европското првенство Б дивизија.

Ова беше дуел во кој имавме одлични моменти, минути, средба на која водевме три четвртини, но завршните десет минути не ги одигравме на посакуваното ниво, му дозволивме на противникот да направи пресврт или поточно го преземе водството и потоа истото да не го испушти до самиот крај.

Немавме одговор за расположениот Мразек кој уфрли 29 кошеви. Кај нас Митревски беше прв стрелец со 18 поени, Симиќ имаше дабл-дабл од 14 поени и 11 скокови, додека Шошкиќ и Бошалески уфрли по 11 кошеви.

Утре наш ривал е селекцијата на Словачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни