Поврзете се со нас

АТП

Надал се соочи со новинарите и ја објасни својата тешка одлука: Не можев да си дозволам таков ризик

Објавено

на

Рафаел Надал уште вчера најави дека неговото учество во полуфиналето на Вимблдон е неизвесно, но вечерва донесе најнепопуларна и тешка одлука од која е разочаран самиот тој, но и сите негови фанови.

Шпанецот се жалеше на болки во стомакот поради искинат мускул и на херојски начин го доби четвртфиналето против Фриц со повреда, но по направените прегледи и денешната состојба на вечерниот тренинг, донел одлука дека нерезонски е да се форсира и да ризикува многу поголема повреда утре на теренот.

Поради тоа, Рафа нема да се појави на полуфиналниот меч кој беше закажан за утре на Вимблдон, па така Ник Кирјос без борба се пласираше во првото големо финале во својата кариера.

– Цела вечер и цел ден размислував што да направам, но нема резон да продолжам на овој начин бидејќи повредата може само да се влоши. Ја донесов оваа тешка одлука поради тоа што сметам дека не можам да победам. Мојата цел е да победам, но не само што не можам да сервирам, не можам ниту да ја изведам техниката за сервирање.

– Не можам да излезам и да атакувам на победа со ваква повреда која може само да се влоши. Со тоа, би ризикувал да пропуштам два или три месеци, а не можам да си го дозволам тоа во оваа фаза од кариерата. Многу сум тажен, но ова е моја одлука. Денеска ми е тешко, но од утре ќе гледам поинаку на оваа одлука. Со оглед на тоа како играв досега, сигурно ќе имав шанса против Кирјос во полуфиналето и можност да се борам за титулата во финалето. Сега ќе одморам неколку недели и ќе продолжам со мојот календар со настап на Монтреал и потоа Ју-Ес Опен, – изјави Надал на вонредниот прес кој го имаше со новинарите во Ол Ингланд клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни