АТП
Надал се повлече од Мастерсот во Индијан Велс: Не можам да се лажам себеси…
Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал нема да биде дел од тенскиот спектакл на Мастерсот во Индијан Велс.
Големиот грен слем шампион требаше да го има својот официјален кам-бек на терените на овој турнир, меѓутоа иако се најде во главната ждрепка и се беше подготвено за мечот со Милош Раониќ тој одлучи да се повлече од настанот во Калифорнија.
-Со голема тага морам да се повлечам од овој неверојатен турнир во Индијан Велс. Сите знаат колку го сакам ова место и колку сакам да играм овде. Тоа е исто така една од причините зошто дојдов многу рано во пустината да вежбам и да се обидам да се подготвам.
-Работев напорно и вежбав и сите знаете дека направив тест овој викенд, но не се чувствувам подготвен да играм на највисоко ниво на ваков важен настан. Тоа не е лесна одлука, всушност е тешка, но не можам да се лажам себеси и да ги лажам илјадниците фанови. Ќе ми недостигате сите и сигурен сум дека турнирот ќе биде голем успех, -напиша Рафа на социјалните мрежи.
Надал последниот меч го одигра во Бризбејн на почетокот на оваа година каде заработи повреда поради која не настапи ниту на Аустралијан Опен.
Индијан Велс беше местото каде требаше да се испроба, во неделата имаше и загревачки меч со Карлос Алкарас во Лас Вегас, но по се изгледа Надал се уште има одреден проблем и не е 100 проценти подготвен за турнирски систем во оваа фаза.
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор