Поврзете се со нас

АТП

Надал се отвори: Телото не ме слуша…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Nadal

Рафаел Надал требаше да му се врати на тенисот во оваа 2024 година, но ветеранот се уште се соочува со проблеми и досега настапи само на еден турнир и тоа оној во Бризбејн.

По тој настан Шпанецот не се појави на ниту еден турнир иако постојано имаше најави вести дека ќе биде подготвен за дел од нив, меѓутоа на крајот мораше да се повлече и откаже затоа што не е 100 проценти фит и не може да го даде тоа што посакува.

Има многу прашалници околу неговиот кам-бек, а и самиот Рафа обелодени каква е реалната слика.

-Моето тело не ми дозволува да играм. Тешко ми е, тешко ми е околу година ипол. Секојдневно се трудам се да решам, но реалноста е дека во овој момент не сум во позиција да се натпреварувам. Тешко е.

-На личен план се е во ред, но на професионален план е многу тешко. Се соочувате со лоши моменти за кои не сте замислиле дека може да ви се случат. Не исклучувам ништо, дури ни турнир во Барселона или Мадрид. Сепак, во моментов не можам да играм никаде поради тие проблеми, -вели Надал и додава:

-Многу луѓе имаат ментални проблеми. Ги имам и јас кога не можам да исполнам одредени цели, но овој пат се работи за физичка природа. Имам промени со абдоменот откако се вратив од Австралија и пробувам различни работи. Одиме постепено, -заклучи бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни