Поврзете се со нас

АТП

Надал откри со каков непријатен проблем се соочува пред Австралија Опен: Самодовербата се претвори во сомнеж

Објавено

на

Рафаел Надал не настапи на АТП Купот и покрај тоа што беше дел од тимот на Шпанија, но со оглед на тоа што утре стартува новото издание на Австралија Опен, Шпанецот денеска ја одржа очекуваната прес-конференција и образложи со каков проблем се соочува.

Рафа дефинитивно нема да биде максимално подготвен на стартот и доказ за тоа е фактот што избегнува напорни тренинзи веќе неколку дена, а денеска светскиот рекет број два обелодени дека станува збор за проблеми со мускулот на грбот, кој го оневозможува да се движи како што тој посакува.

– До пред неколку дена изгледаше се совршено. Тренирав фантастично и имав многу добра пресезона. Имам огромна самодоверба, но сега тоа се претвори во сомнеж. Имам проблеми, не можам да тренирам на посакуваниот интензитет, не можам да се движам максимално како што посакувам.

– Не станува збор дали ќе играм. Сигурно ќе излезам на терен и ќе се обидам. Проблемот е во тоа што кога сервирам, мускулот не ми дозволува да го комплетирам цело движење. Не смеам да претерувам и форсирам, така мускулот ќе пукне и се ќе заврши.

– Се може да се промени во еден ден и затоа ќе бидеме трпеливи. Немам цел да барам изговори. Ситуацијата е таква каква што е, мора да се пронајде начин да минам низ ова, – изјави Надал кој во првото коло ќе игра против Ласло Ѓере од Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни