Поврзете се со нас

АТП

Надал: Најдобар на сите времиња? Тоа…

Објавено

на

Рафаел Надал успеа да дојде до пехарот на првиот грен слем во 2022 година Австралија Опен и тоа откако во финалето направи чудесен пресврт, епски кам-бек во пресметката со Данил Медведев.

Русинот водеше со 2-0 во сетови за да во третиот испушти три брејки топки при водство од 3-2 со што од тука тргна неговиот пад или налетот на секогаш борбениот Шпанецот кој со 6-4, 6-4 и 7-5 дојде до вториот трофеј во Мелбурн и рекордната 21. грен слем титула со што ги остави зад себе Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

Бикот од Мајорка беше пресреќен поради остварената победа која за него е најголема, најважна кога се во прашање пресвртите.

-Кога се ќе се земе во предвид…мислам дека е.Ова е незаборавна ноќ, моментално сум надвор од себе и поддршката од публиката беше неверојатна во текот на целиот натпревар. Бев многу уморен, но ја чувствував поддршката. Тие три брејк топки, тоа беше клучен момент, а спортот како што видовте е непредвидлив. Мора да се борите до крај. Во текот на целиот меч постојано си велев дека тука сум изгубил неколку пати и дека сега морам да победам и тоа го направив, -рече Надал кој не сака да навлегува во дискусии за тоа дали сега е најголем тенисер на сите времиња.

-Знам што значи да се освои грен слем 21 пат, денес беше неверојатно. Никогаш нема да заборавам колку се мачев во претходните шест месеци за да се вратам на терените и успеав. Беше многу тешко, често разговарав со луѓето од мојот тим и не знаев дали ќе можам да играм. Многу сум среќен што сум тука, дали сум најдобар на сите времиња? Тоа не ме интересира. Само ме интересира да имам вакви ноќи, -порача шампионот од Мелбурн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни