Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ со една брилијантна четвртина го откажа Кожув

Објавено

на

МЗТ Скопје бележи сосема различни резултати во Првата лига и во регионалната АБА лига, па така денеска продолжи со својата добра серија во домашното првенство на гостувањето во Гевгелија.

„Металците“ брзо се рехабилитираа од поразот од Борац кој беше осми за нив во регионалното натпреварување, а денеска доволна им беше една фантастична четвртина за решавање на сите дилеми околу победникот.

Домаќинот Кожув парираше во првото полувреме и имаше само три поени негатива на паузата (40:43), но потоа се беше на страна на гостите кои се одлепија на повеќе од 20 поени разлика.

Третата четвртина им припадна на гостите од Аеродром сорезултат 12:31, по што беше јасно дека МЗТ без проблеми ќе го „искачи“ Кожув, без оглед на малиот пад во последниот период.

Играчите на Петровиќ се опуштија во четвртата четвртина, но рутински дојдоа до победа изразена со резултат 78:88. Војдан Стојановски беше најдобар кај МЗТ со 21 поени, го следеше Робев со 16, а најефикасен на паркетот беше Гордон од редовите на Кожув со 34 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни