Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје со победа го заокружи мечот во Чаир

Објавено

на

Чаир 2030 и МЗТ Скопје вечерва го доиграа мечот кој во четвртокот беше прекинат поради инцидент на паузата меѓу двете полувремиња.

Вторите 20 минути се играа во празна сала, а гостите од Аеродром не дозволија изненадување и со 89:84 ја закружија средбата за која многу се зборуваше во изминативе две дена. „Металците“ второто полувреме го добија со 45:42 што беше доволно да се прослави 16. триумф во шампионатот, 36 бод со што го делат првото место со Работнички.

Гилон со 19 поени беше прв стрелец, браќата Стојановски и Баковиќ уфрлија по 16 кошеви.

Залудни пак за Чаир беа 40 кошеви на Головеј.

Работнички продолжува да победува, Гостивар ја освои Кисела Вода

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни