Поврзете се со нас

Македонија

Работнички продолжува да победува, Гостивар ја освои Кисела Вода

Објавено

на

Екипата на Работнички продолжи да победува во Првата кошаркарска лига каде најнова жртва е составот на Кожув кој беше решен со 92:74.

Најтрофејниот македонски клуб не дозволи никакво изненадување и веќе во првата четвртина се стекна со двоцифрена предност (21:8) која продолжи да расте до полувреме (43:26). Гостите по одморот ги одиграа најдбрите минути и третиот период го добија со 30:25, но потоа одново домаќинот имаше свој период за потврда на триумфот.

Рикиќ со дабл-дабл од 17 поени и 10 скока и Џелетовиќ со 19 поени беа најдобри играчи кај победникот, Пен на другата страна уфрли 22 кошеви.

Гостивар пак како гостин беше подобар од Навико Академија ФМП со 102:82. Со ова избраниците на Давитков направија уште еден сериозен чекор на патот кон освојувањето на осмото место, последното кое води во доигрувањето за титулата. Комплетната петорка беше двоцифрена, Инграм со 28 и Вилијамс со 26 поени беа најпрецизни.

Во домашниот состав Робертс уфрли 22 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни