Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ Скопје се враќа во елитното јадранско друштво, Работнички не прифатил да игра во АБА2 лигата

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје ќе се врати во елитното јадранско кошаркарско друштво во наредната сезона и тоа на местото на Приморска.

Оваа информација ја пренесуваат голем број на балкански медиуми што значи дека сега истата треба да ја потврди и АБА лигата, меѓутоа со оглед на тоа што Приморска е во тешка финансиска ситуација и не доби лиценца за настап од страна на кошаркарската федерација на Словенија тогаш ова треба да биде само формалност.

Секако ова е одлична вест за „металците“, но тоа што е лошо е што нема да има други македонски клубови во АБА, поточно во АБА2 лигата.

Се споменуваше Работнички меѓутоа тој не покажал заинтересираност за настап исто како Осијек и Рогашка кои добиле покани за ова натпреварување. Поради ова во следната кампања во АБА2 лигата ќе имаме по четири тимови од Србија и Црна Гора, два од БиХ, а тука ќе биде уште словенечки Хелиос и хрватска Горица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни