Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ се мачеше на теренот, ѕвездите на Партизан си пронајдоа друга занимација на клупата за резерви (Видео)

Објавено

на

Партизан кошаркарски го декласираше МЗТ Скопје и победи на домашен терен со 53 поени разлика, триумф кој само покажува колку е голема разликата меѓу лидерот во АБА лигата и последно пласираниот тим на табелата.

МЗТ ќе мора да игра многу подобро против ривалите против кои може да се носи доколку сака да обезбеди опстанок во елитата, бидејќи денешниот меч во Белград изгледаше на пресметка меѓу два различни света.

Партизан го реши победникот уште во третата четвртина и последната беше чиста рутина, па така Жељко Обрадовиќ ги повелече своите големи ѕвезди кои беа стартери.

Во ситуација кога МЗТ се мачеше и се бореше за што подостоен пораз, ѕвездите на Партизан си пронајдоа друга занимација на клупата за резерви, а во фокусот беа Французинот Лесор и Гркот Папапетру.

Најпрво си играа со шише за пиење вода, а потоа се внесоа во атмосферата и ја пееја навивачката песна во ист глас со фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни