Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ немаше одговор за расположениот Кампацо, Звезда со една моќна четвртина го освои „Јане Сандански“

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаа да направат сензација и доживаа пораз од Црвена Звезда од 80-57 во средбата од 14.коло во АБА лигата.

„Црвено-белите“ беа апсолутни фаворити на оваа средба и тоа го потврдија на теренот каде со една моќна четвртина се „одлепија“ и потоа само рутински ја завршија работата. Македонскиот првак беше добар во првото полувреме во кое на пауза замина само со минус три (36-33), меѓутоа гоститеод Белград покажаа сила во третиот период кој го реализираа со 27-8 по што стана јасно дека избраниците на Ивановиќ ќе слават во „Јане Сандански“.

Потоа мечот беше рутински приведен до крај, па севкупно гледано најдобар на паркетот беше Кампацо кој беше блиску до трипл-дабл, уфрли 23 поени со 7 скока и 9 асистенции. Двоцифрен кај победникот само уште беше центарот Петрушев со 13 поени.

Кај МЗТ, дуото Вер-Стојановски искомбинира 29 кошеви.

Аеродромци и во следното коло имаат невозможна мисија затоа што се соочуваат со Партизан во Белград.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни