Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ ја надигра и Војводина за перфектни „три од три“ во Нови Сад

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League2

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа над Војводина со 89:84 во последната средба од АБА2 турнирот што се играше во Нови Сад.

„Штрковите“ покажаа квалитет, карактер и знаење против домаќинот на овој „балон“, тим кој претходно ги доби Суботица и Шенчур, тим кој во српскиот шампионат има перфектни „десет од десет“ во својот дом што јасно покажува каква победа оствари македонскиот првак.

Избраниците на Атанасов се стекаа со двоцифрена предност во првата четвртина (24-12) и истата ја задржаа до паузата (54:42). Војводина во третиот период беше подобра со 19-11 и водена од таа енергија во завршниот период во неколку наврати имаше и минимална предност, меѓутоа „металците“ соодветно одговараа и на крајот беа подобри кога се решеваше победникот и заслужено дојдоа до триумф во оваа пресметка.

Баковиќ со 17 поени ја предводеше листата на стрелци, Ворку и Стојановски (Војдан) уфрлија по 13, Делалиќ има 12, а Танасковиќ 11 кошеви. Николиќ за Војводина имаше дабл-дабл од 20 поени и 12 скокови.

Скопскиот состав сега има 7-3, учинок кој го имаат Војводина и Широки Бријег, поточно подобри се само Златибор Чајетина и Суботица со 8-2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни