Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ доцна се разбуди против Широки, но ќе има шанса за реванш во четвртфиналето на АБА2 лигата

Објавено

на

МЗТ Скопје пропушти убава шанса да обезбеди бараж за пласман во елитното друштво на АБА лигата, бидејќи вечерашниот пораз од Широки Брег значеше дека го завршува регуларниот дел од сезоната како петтопласирана екипа.

Ако завршеше едно место погоре, што ќе се случеше со победа, МЗТ ќе разигруваше за влез во Првата АБА лигата, но сега ќе брка такво нешто со освојување на првото место во АБА2 лигата.

МЗТ имаше загарантирано место во плејофот и ќе биде дел од четвртфиналињата, а интересно во оваа рунда експресно ќе има шанса да му се реваншира на вечерашниот противник.

„Металците“ ќе играат против Шиорки Брег два меча за место меѓу четирите најдобри, па сигурно за овие два меча добар пример треба да бидат последните десет минути од денешната средба.

Широки Брег доминираше три четвртини и отиде на 24 разлика, но МЗТ успеа да се разбуди во последните 10 минути, што сепак се покажа како предоцна за режирање на сензационален пресврт.

Македонскиот претставник на крајот загуби со 82:79, но многу брзо ќе има шанса да режира спортска одмазда против ривалот од Босна и Херцеговина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни