Европски купови
МВП издание: Незапирливиот Шортс му донесе титула на Бон во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс со нова фантастично издание му овозможи на неговиот Телеком Бон да го освои пехарот во Лигата на шампионите на ФИБА.
Бон во големото финале во Малага славеше над Хапоел Ерусалим со 77:70 и тоа во средба во која Шортс беше незапирлив, нерешлива енигма за израелскиот тим. Плејмејкерот постигна 29 поени со 1 скок и 3 асистенции и сосема заслужено го понесе признанието МВП на овој завршен турнир.
Само да посетиме тој во полуфиналето против Уникаха уфрли 21 кош, односно на двата меча на фајналфорот искомбинира 50 поени со што постави рекорд надминувајќи го досегашниот кој беше дело на Кевин Пантер (47) кој денеска го носи дресот на Партизан.
Со 29 поени тој е играчот кој постигнал најмногу кошеви во финале на ова натпреварување. Кога е во прашање Американецот со македонски пасош тој е прв ас кој ги освоил најважните две награди во иста сезона со оглед на тоа што претходно беше прогласен за најкорисен кошаркар за кампањата 2022/2023.
Ако на ова се додаде дека Ти-Џеј беше избран за најдобар и во Германија, повеќе од јасно е дека има сезона од соништата која може да му отвори многу врати во кариерата.
Кога е во прашање самото финале, двоцифрен учинок во првата историска титула за Бон имаа Хокинс со 13 и Ерера со 11 кошеви.
Залудни кај поразените беше изданието на Рендолф од 27 кошеви.
Во битката за третото место Тенерифе беше подобар од Уникаха со 84:79.
-
АТПпред 22 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 24 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Светпред 20 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 22 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
АТПпред 10 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Англијапред 23 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 21 час
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 19 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…