Поврзете се со нас

АТП

Музети направи пресврт и го елиминираше Ѓоковиќ во Монте Карло

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Лоренцо Музети го намачи Новак Ѓоковиќ во нивната прва пресметка на земјена подлога на Ролан Гарос, но две години подоцна и по три претрпени порази од Србинот, денеска се израдува и на прва победа против светскиот рекет број еден.

Талентираниот Италијанец денеска се покажа како поистраен и подобар во мечот кој беше доста исрцпувачки, а кој на стартот на третиот сет беше и прекинат поради дождот во кнежевството.

Ноле отвори како голем фаворит и лесно го доби првиот сет со 6:4, но потоа во вториот се водеше жестока битка и тениските фанови беа побогати за трет одлучувачки сет.

Иако Србинот водеше со 4:2 во вториот сет, Музети се врати со серија од 3:0 и поведе 5:4, но откако не израмни на 1:1 во првиот обид, тоа го направи при 6:5 на свој сервис.

Стартот на третиот сет започна со прекин поради дождот во Монте Карло, но откако се рестартираше играта, Музети беше посвеж и со еден брејк го приведе мечот во своја корист (6:4).

На овој начин, Италијанецот направи големо изненадување и се погрижи за италијанско четвртфинале во Монте Карло, во кое противник ќе му биде Јаник Синер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни