Поврзете се со нас

Македонија

Мурати се договори со Работнички, Воска Спорт ангажираше уште еден Црногорец

Објавено

на

foto:www.fkrabotnicki.com

Македонските прволигаши Работнички и Воска Спорт ангажираа нови имиња во своите редови за натпреварувачката 2023/2024.

Нов член на „романтичарите“ од Скопје е поранешниот младински репрезентативец, Мевљан Мурати. Последен клуб на Мурати беше Шкендија, а со Работнички потпиша двегодишен договор.

Претходно составот од Дебар Маало ја продолжи соработката со Дин Аломеровиќ, Кире Маркоски и голманот Игор Алексовски.

Воска Спорт пак претстави уште едно засилување од Црна Гора по Никола Стијеповиќ и тренерот Миљан Радовиќ.

Прволигашот од Охрид ќе може да смета на услугите на Алекса Марушиќ кој има 24 години и игра во офанзивната линија. Тој доаѓа од Дечиќ, а потпише двегодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни