Поврзете се со нас

Шпанија

„Мундо Депортиво“ тврди: Барселона го договори првото јануарско засилување

Објавено

на

Роналд Куман во неколку наврати јавно побара неговиот тим да биде засилен со уште неколку фудбалери во јануарскиот преоден рок.

Сега кога се чини дека фудбалерите на Барселона колку толку ја подвратија формата може да се очекува и поддршка од управата со доведување нови играчи.

Како што пренесува весникот близок до клубот, „Мундо Депортиво“ Барселона веќе го договорила првото засилување за овој преоден рок.

Станува збор за играчот кого го следеа и летоска, дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија.

За овој трансфер „граѓаните“ ќе добијат пет милиони евра, додека Гарсија со Барселона ќе потпише договор на пет и пол години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни