Поврзете се со нас

Македонија

Мукаетов: Победи хуманоста, Македонија е среќна што има вакви ракометни легенди

Објавено

на

Првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов се огласи и даде еден краток заклучок на тоа што вчера се случуваше во СЦ „Борис Трајковски“ каде силите ги одмерија актуелните репрезентативци и македонските легенди.

Ова беше интересен, забавен меч на кој резултатот беше во втор план, видовме цепелини, атракции, супер голови, публиката одлично се забавуваше, а што е најважно беа собрани многу средства за СОС Детското село.

-Македонија е среќна што имала ракометни легенди кои гордо и достоинствено го носеле црвено-жолтиот дрес. На „Сите ѕвезди за СОС Детско село“, победи хуманоста, а МВП беше шест илјадната публика во арената Борис Трајковски, -порача Мукаетов на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zhivko Mukaetov (@zhivkomukaetov)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни