Поврзете се со нас

Балкан

Mрме нема ни среќа: Хајдук ја сруши Горица со гол во 98 минута (ВИДЕО)

Објавено

на

Поранешниот македонски стратег, Игор Ангеловски се мачи на клупата на Горица, но во исто време и не го сака среќата и најдобар доказ за тоа е вечерашниот меч против фаворизираниот Хајдук.

Домаќините играа со играч помалку од 50 минута кога беше исклучен Ваге, во 54 минута Баниќ му го одбрани пеналот на Ливаја, па Горица со сите сили се обидуваше да дојде до бод и беше на добар пат тоа да го направи.

Меѓутоа фудбалот се игра до последниот судиски свиреж или во случајов Хајдук во 98, 99 минута успеа да даде гол преку Ливаја за славје од 1-0.

Ова на Ангеловски по вторпат му се случува откако ја презема Горица, односно и Динамо Загреб погоди за славје на овој ист терен во 92 минута (1-0).

Активен на дуелот од 63 минута беше и репрезентативецот Јани Атанасов.

Горица со 6 бода е на последното место, во следното коло и гостува на Локомотива.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни