Поврзете се со нас

Европски првенства

Моќните избраници на Манчини поставија нов светски рекорд по пласманот во четвртфиналето

Објавено

на

Иако многумина не очекуваа толку блескави партии на репрезентацијата на Италија на ова Европско првенство, избраниците на Роберто Манчини продолжуваат да импресионираат со своите настапи.

Во текот на вчерашниот ден, иако потешко од очекувањата, Италијаните по продолженија стигнаа до победа против Австрија (2:1) и пласман во четвртфиналето од еврошампионатот.

На оваа средба репрезентацијата на Италија постави нов рекорд по бројот на минути без примен гол на официјалните натпревари. „Аѕурите“ ја надминаа бројката од 1.143 минути колку што претходно издржала најсупешната одбрана без да прими гол. Интересно  е што и таа е продукт на Италија која од 1972 до 1974 година, во ерата на легендарниот голман Дино Ѕоф не успеа да прими ниту еден огл.

Рекордот кој го постави оваа генерација на Италија не е многу поголем и ево траење од 1.145 минути без примен гол затоа што Калајџиќ успеа да им даде гол за драматична завршница во самиот финиш од вчерашниот натпревар.

Последен пат пред голот на Калајџиќ, мрежата на Италија се тресела на 14 октомври 2020 година на натпреварот против Холандија во Лигата на нациите. Од тогаш до вчера мрежата ја зачуваа Џанлуиџи Донарума (964 минути), Салваторе Сиригу (91 минута), Алесио Крањо (63 минути) и Алекс Мерет (23 минути).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни