Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ наполни 37 години и ја откри својата тајна за успехот и долговечноста

Објавено

на

Лука Модриќ вчера наполни 37 години и доби специјални честитки од сите страни ширум светот, но по повод посебниот ден во годината, Хрватот одработи и интервју за клупската телевизија за Реал Мадрид.

Маестро Лука има причини за задоволство со оглед на добриот старт на сезоната со Реал и формата која ја има тимот, но уште повеќе од индивидуалните перформанси кои се на исклучително завидно ниво за негова возраст.

Новинарот на Реал Мадрид не пропушти да го праша Модриќ за тајната за неговиот успех и долговечноста, а Хрватот даде поопширен одговор и откри како изгледа еден негов ден во тренинг центарот.

– Секогаш од мене бараат да ја кажам тајната за долговечноста, но не знам што точно да кажам. Тоа е нешто природно. Сметам дека најголемата тајна е тоа што живеам за фудбалот 24 часа во денот, сметам дека тоа е најважно. Го сакам тоа што го работам и уживам во мојата професија. Знам дека сум во возраст кога веќе е тешко и комплицирано, но јас уживам на теренот.

– Уживам на тренинзите и на теренот. Еве на пример, денеска пристигнав час и 15 минути пред тренингот. Секогаш се туширам тука во тренинг центарот, вршам работи со физиотерапевтите и одам во теретана пред да излезам на теренот. После тренингот, во зависност од интензитетот, знам повторно да останам со физиотерапевтите. Потоа одам дома и посветувам време за семејството и децата. Јас ги собирам од школо речиси секој ден. Можеби на некој му изгледа досадно, но така ми минува еден ден, – открива Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни