Поврзете се со нас

НБА

Многу емоции, голема чест за Шпанецот: Лејкерс го повлече дресот на Гасол, неговиот е до оној на Брајант (ВИДЕО)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс го победи Мемфис Гризлис, ама тој труимф падна во сенка на тоа што се случуваше на полувремето каде имаше свечена церемонија на која беше повлечен дресот на Пау Гасол.

Гасол мина шест одлични години во Лејкерс, години во кои екипата водена од него и Коби Брајант дојде до шампионскиот пехар во 2009 и 2010 година. Тие негови партија, изданија, одличната врска која ја имаше со Брајант му овозможија статус на легенда во таборот на „езерџиите“ односно рано утрово стана 12 играч во историјата на клубот на кого му е повлечен дресот.

Ванеса (сопругата на Коби) видео во кое Брајант говори за Гасол ја најами церемонија и со тоа го расплака Шпанецот кој потоа се созема и одржа убав говор. Дресот со бројот 16 сега е веднаш до оној на Коби во Крипто.ком“ арената.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни