Поврзете се со нас

Свет

Миркуловски со победа стави крај на кариерата, перфектни партии за Пешевски и Кузмановски

Објавено

на

Големиот борец, Филип Миркуловски оствари победа со Вецлар во последниот меч во неговата играчка кариера.

Популарниот Жути и соиграчите го добија Минден со 30-28 со пресврт во второто полувреме и на тој начин ја завршија оваа сезона на седмата позиција во Бундеслигата. Доскорешниот репрезентативец во својот завршен натпревар даде два гола (од четири обиди) и забележа два асистенции.

Позитивни партии и резултати имаа Жарко Пешевски и Филип Кузмановски со Штутгарт и Хановер.

Кружниот напаѓач се збогуваше со Штутгарт со еден гол од еден обид против Мелсунген која им пропадна на домаќините со 28-25.

Кузманоски исто беше перфектен, имаше два од два во ремито на Хановер против Лајпциг (26-26).

Со ова беше спуштена завесата во Бундеслигата, сезона која му припадна на тимот на Магдебург кој едноставно беше недопирлив со 32 победи во 34 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни