Поврзете се со нас

Лига Европа

Миовски покажа класа на својот деби настап во Европа и ги израдува соиграчите со гол и асистенција (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

По спектакуларната прва сезона која ја имаше во Шкотска, Бојан Миовски конечно го дочека и денот да дебитира во европските купови, а начинот на кој му помогна на својот тим ќе направи гостувањето во Шведска да го памети уште долго.

Абердин имаше негатива кај Хакен од 2:0 до 75-та минута, но тогаш на сцена стапи најдобриот голгетер на Шкотланѓаните, кој направи намали на 2:1 откако извонредно се снајде, а потоа и асистираше за 2:2.

Бараж финалето за пласман во групната фаза во Лигата на Европа ќе донесе голема возбуда и на ревашнот во Шкотска, но истиот е далеку поподнослив за тимот од Островот само благодарение на Миовски.

Македонскиот репрезентативец покажа завидна напаѓачка техника при погодокот за 2:1, а набрзо после тоа, покажа несебичност и одлично го проигра Девлин кој израмни на 2:2.

Ова беше премиера за нашиот Миовски во едно големо европско натперварување, а ако денот по утрото се познава, Бојан го чекаат уште многу блескави ноќи на стариот континент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни