Поврзете се со нас

Англија

Милнер: Ван Дајк мора да сфати дека веќе нема 20 години

Објавено

на

Англиската јавност и фудбалските фанови се импресионира од начинот на кој Вирџил Ван Дајк се врати на теренот по тешката повреда на коленото која ја заработи минатата сезона, но максималното залагање и победничкиот карактер на Холанѓанецот, во наредните неколку месеци ќе мора добро да бидат менаџирани од Јирген Клоп.

Ова го вели искусниот Џејмс Милнер во последната изјава која ја даде за клупската телевизија,  препорачувајќи му на својот соиграч дека ќе мора да ја прифати тимската ротација после сето она што им се случи минатата сезона.

Ливерпул остана далеку од борбата за титулата поради тешките повреди на неколку клучни играчи, а Милнер смета дека Ван Дајк иако ќе се лути, ќе мора да прифати дека веќе нема 20 години.

– Во 99 од 100 натпревари, Вирџил е Супермен и тоа ни е јасно на сите. Се врати на теренот после тешка повреда како ништо да не било, но веќе нема 20 години. Мора да мисли на себе.

– Без оглед на тоа што ќе се лути, понекогаш мора да има тимска ротација и да остане на клупата или на трибината. Тој сака да игра постојано, но веќе има 30 години. Знаеме што ни се случи минатата година, не смееме да дозволиме такво нешто уште еднаш. Имаме страшни солуции во одбраната и Ван Дајк ќе мора да прифати да одмори во еден момент од сезоната, – вели Милнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни