Поврзете се со нас

Лига Европа

Милинковиќ-Савиќ не стравува од ниту еден противник: Ќе бидеме подготвени за нокаут рундата во ЛЕ

Објавено

на

Лацио не ја потврди улогата на фаворит против Галатасарај и со тоа остана на второто место во групата во Лига Европа што значи ќе мора да игра во 1/16 финалето и тоа против една од екипите кои завршија како третопласирани во Лигата на шампионите.

Клубот од Рим може за ривали да ги добие Барселона, Севилја, Борусија Дортмунд, Зенит, Шериф Тираспол, Порто и РБ Лајциг, но Сергеј Милинковиќ-Савиќ не стравува од еден ривал и најавува битка против кого и да се паднат во понеделничката ждрепка во Нион.

-Поминуваме како второпласирани и сега треба да се подготвиме за следната рунда. Ги видовме тимовите кои би можеле да бидат во ждрепката со нас, но добро ќе се подготвиме и ќе се обидеме да напредуваме во натпреварувањето, -порача српскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни