Репрезентација
Милевски: Научивме од поразот на „Олд Трафорд“, сега градиме нов тим

Македонската фудбалска репрезентација не можеше да замисли потежок крај на квалификацискиот циклус за Европското првенство, бидејќи по гостувањето во Рим кај Италија, сега следи дуел против моќната Англија.
Во дуел кој нема никакво резултатско значење за двете селекции, Македонија утре ќе игра за чест и за публика пред преполната арена „Тодор Проески“, а сигурно нашите фудбалери ќе имаат силен мотив за докажување ако се потсетиме на болниот пораз кој го доживеаја во Манчестер пред неколку месеци.
Англија славеше победа на „Олд Трафорд“ со превисоки 7:0, но оттогаш во националниот тим се вклучија неколку нови млади играчи, кои донесоа одредена свежина и промена во националниот тим.
– Направивме доста промени во тимот после тој натпревар во Манчестер. Тимот доби нова физиономија, внесовме доста млади играчи и видовме дека тие имаат перспектива во националниот тим. Ова е млад тим, градиме нов тим и нормално е да има осцилации во игрите и претставите. Тоа е процес низ кој мора да минеме, но вакви натпревари како оној против Англија се одлична шанса за нив. Кога играте против најдобрите во светот, имате одлична шанса за да видите до каде сте.
– Пробелмот со темпото е нешто што ни се провлекува со месеци наназад, но ростерот е тој што го имаме. Играчите си имаат проблеми со минутажа во своите клубови и мора да се надеваме дека ситуациите ќе им се променат. Знаеме дека имаме проблем на физички план, особено кога во неколку дена имаме два силни противници.
– За момците нема што да се забележи, тие го даваат својот максимум, наше е да пробаме да изменаџираме и да сочуваме сили. Затоа направивме и толку измени во вториот дел со Италија. Секој натпревар ви нуди простор за учење, научивме и тој меч од „Олд Трафорд“. Потоа игравме со Италија во Скопје и со неколку измени во тимот донесовме свежина и продуктивност. Имаме нови играчи кои донесоа свежина и нова енергија во нашиот тим, – изјави Милевски на денешното соочување со новинарите на официјалната прес-конференција.
Натпреварот против Англија се игра утревечер на „Тодор Проески“ арената во 20:45 часот, а според планот кој го објавија гостите, тие вечерва нема да тренираат по пристигнувањето од Островот.
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 18 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 21 час
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 20 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 18 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Англијапред 5 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него